Уште 60 минути ја делат екипата на ЖРК Вардар до нов, четврти последователен завршен турнир во Будимпешта. За таа цел, Вардарки треба да го одработат реваншот во Скопје против екипата на Митјиланд. По првиот натпревар одигран во Данска, резултатот е 26:28 во наша корист, што значи дека со два гола предност ќе го започнеме денешниот меч. Тренерот Ирина Дибирова веќе го објави списокот на ракометарки, на кои ќе смета за денешниот меч.
ЖРК Вардар: Суслина, Лејно, Песоа, Радичевиќ, Ристовска, Херем, Мавсар, Дамњановиќ, Хмирова, Лекиќ, Кликовац, Лакрабер, Алтхаус, Човиќ и Пенезиќ.
Натпреварот започнува во 17:30 часот. Сите кои немате можност да бидете во Јане Сандански, истиот ќе можете да го проследните со директен пренос на МТВ-1.