Фудбалерите на Вардар им се вратија на победите откако попладнево на гостински терен беа подобри од тимот на ФК Кадино со резултат 0:3 (0:0). Головите ги постигнаа Костовски (два) и Љамчевски.
По првиот дел немаше промени на резултатот, иако Вардар имаше неколку добри шанси да го отвори натпреварот. Во вториот дел, домаќинот не издржа на притисокот на вардарци. Уште во 54.минута Костовски со прекрасен лоб удар го отвори резултатот. Истиот играч кон средината на вториот дел прецизно стрелаше уште еднаш, овој пат за 0:2. Потоа и Керим имаше супер шанса, но немаше среќа и ја погоди само стативата од голот на домаќинот. Во 92.минута Љамчевски постигна убав погодок од 20-сетина метри за убедливи и конечни 0:3.
Следува еднонеделна пауза па потоа дуел со Охрид на домашен терен. Да додадеме и дека попладнево Вардар имаше голема поддршка од трибините кои беа преполни со гледачи.