Фудбалерите на Вардар беа сигурни и на домашен терен запишаа лесна победа без многу мака против екипата на ФК Кожуф. Вардарци во текот на целиот натпревар беа подобар тим на теренот и заслужено дојдоа до нови три бода со кои се враќаат на првата позицијата на табелата.
Дарко Мицевски го отвори резултатот не толку рано, во 20.минута од дуелот, иако нашиот тим имаше уште неколку добри шанси пред голот да дојде до реализација. Мицевски биеше убаво по земја прецизно по асистенција на Маркоски за 1:0. До крајот на првиот дел Вардар имаше уште неколку добри шанси, но изостана реализација. Вреди да се напомене дека во првиот дел и гостите имаа една супер шанса, но Гачевски одбрани.
Во вториот дел Христов направи глупост, па доби црвен картон, а Вардар остана со играч помалку повеќе од половина час. Сепак, Вардар продолжи со добрата игра, па така дојде и нов гол, овој пат по асистенција на Попзлатанов, Маркоски стрелаше за 2:0. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот, па така Вардар запиша три бода и се ,,одјави” од терените за оваа година, барем кога се во прашање официјалните дуели.