Ракометарите на Вардар се пласираа во групната фаза од Купот на Македонија, откако денес во рамкие на 1/16 финалето беа подобри од екипата на Мулти Есенс.
Вардарци очекувано славеа со убедливи 43:18 и на тој начин ја започната одбраната на титулата во Купот. Немавме никакви проблеми околу обезбедување на победата, едноставно игравме со половина сили за прескокнување на првата пречка во Купот.
Уште на полувреме имавме двоцифрена предност од 20:10 и беше само прашање со каков резултат ќе заврши натпреварот. Недановски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање за овој натпревар. Во вториот дел само растеше предноста, за на крајот да стигнеме до триумф изразен со 25 гола разлика.
Филип Талески беше најефикасен на натпреварот со 9 постигнати голови, додека го следеше Милан Лазаревски со 7 погодоци.