Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар им се врати на победите, Борец „лесна пречка”
Вардар им се врати на победите, Борец „лесна пречка”

Вардар им се врати на победите, Борец „лесна пречка”

Вардар им се врати на победите откако попладнево на Градски лесно и без многу мака го совлада тимот на Борец со резултат 2:0 (1:0). Уште во треттата минута Аврамовски го отвори резултатот, а Али Адем во вториот дел стави точка на оваа средба за три бода. Во следното коло, Вардар одново игра на Градски овој пат против тимот на Работнички.

74419833_2498194030227428_1039343164638363648_n

Вардар по првиот дел имаше предност од 1:0 над тимот на Борец. Како и што посакуваше, Вардар бргу го отвори резултатот, па само по три минути игра имаше предност, со која замина на пауза. Уште во втората минута Адем имаше добра шанса да постигне погодок, по една грешка на противнички играч, Адем биеше по земја, а голманот на гостите одбрани. Веќе во следната минута преку Даниел Аврамовски Вардар дојде до водство од 1:0. Нашиот играч силно биеше од над 22 метри, топката се одби од еден противнички играч, го смени правецот и заврши зад голманот на гостите за 1:0. Во 7. минута Борец за прв пат се закани денеска, но Гачевски супер одбрани. За одбележување беше и 44. минута, кога Најдовски се обиде со удар од голема далечина, но само во добро поставениот голман на гостите.

73076107_2498195703560594_5486079396399808512_n

Во вториот дел Вардар тргна и по втор погодок. Се играше 56. минута, Брдаровски од корнер супер нафрли, го пронајде Најдовски, кој за малку со глава биеше крај голот на противникот. Во 62. минута повторно убаво нафрлена топка на Брдаровски, овој пат од слободен удар на кој Аврамовски со глава биеше само покрај голот на гостите за да пропадне и оваа убава шанса на нашиот тим. Гостинскиот тим во 69. минута имаше добра шанса да дојде до израмнување, Христов биеше од 15-сетина метри само високо над голот на Гачевски и пропадна оваа шанса на противникот. Следуваше нова шанса, овој пат на Пеев, кој исто така биеше од добра позиција лошо и многу непрецизно. Во 71. минута следуваше казна на спротивната страна. Откако Аврамовски не успеа да постигне погодок од одлична шанса, Цветаноски му сервираше супер топка на Али Адем кој со одличен прецизен удар по земја стрелаше за удвојување на предноста на 2:0. За одбележување беше 80. минута, Мицевски со топовски удар од околу 2о метри биеше за уште подобра одбрана на Мустафа кој одби во корнер и спречи и трет погодок за Вардар. До крајот на дуелот немаше поголеми возбудувања и на двете страни.