Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. 2006, 2007 и 2009 дел од турнирот „Боровец Самоков Куп 2019“ во Бугарија
Вардаровите генер. 2006, 2007 и 2009 дел од турнирот „Боровец Самоков Куп 2019“  во Бугарија

Вардаровите генер. 2006, 2007 и 2009 дел од турнирот „Боровец Самоков Куп 2019“ во Бугарија

Три генерации на ФК Вардар во периодот од 1-5.април ќе бидат дел од меѓународниот турнир во Бугарија, „Боровец Самоков Куп 2019“ . Тоа се генерациите родени 2006, 2007 и 2009 година.

Веќе се познати и противниците во групната фаза, за сите три екипи на Вардар. Во генерацијата 2006 ќе има само една група, во која покрај екипата на Вардар, се наоѓаат уште и ФК Метал (Перник), Рилски Спортист (Самоков) и ФК Марек ( Дупница).

ФК Вардар генер. 2007 за противници во групата ќе ги има екипите на Рилски Спортист, Розова Долина, Левски-Раковски (Софија) и ФК Марек. Филип Спасевски е тренерот кој ќе ги предводи двете вардарови генерации на овој турнир во Бугарија.

Најмладата генерација на Вардар која ќе го претставува клубот на овој турнир се момчињата родени 2009 година кои ќе ги предводи Илија Колевски. Нашите млади надежи се во група со екипите на Рилски Спортист ( Самоков), Розова Долина, ФК Пирдол, ФК Левски- Раковски (Софија) и ФК Мерион (Софија).

Натпреварите кај генерацијата 2006 ќе се играат по системот, две полувремиња од по 30 минути, додека кај генерацијата 2007, две полувремиња од по 25 минути. Најмладите од генерација 2009 ќе играат три полувремиња, од по 15 минути. Со оглед дека во секоја возрасна генерација има по една група, ќе се игра по системот секој против секого, а победник во секоја категорија ќе биде екипата која ќе освои најмногу бодови. Завршната церемонија на доделување на наградите е закажана за на 5.април, откако ќе бидат одиграни мечевите од последното коло по групите.