Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов активни само кадетите и пионерките на РК Вардар
Викендов активни само кадетите и пионерките на  РК Вардар

Викендов активни само кадетите и пионерките на РК Вардар

Викендов не очекуваат само два натпревари во младинските лиги во кои ќе настапат екипи на Вардар. Станува збор за една женска и една машка екипа.

Во рамки на 11.коло момците на Будимир и Станковски се домаќини на тимот на РК Шампион во кадетската лига. Вардарци имаат максимални 27.бода на досегашните 9 одиграни мечеви. Дуелот со екипата од Скопје е закажан за утре, сабота, 30.март со почеток во 13-00 часот. Ние ќе бидеме домаќини во малата сала при СЦ “Јане Сандански“.

Конечно по тримесечна пауза, пионерско/кадетскиот тим предводен од Анжела Платон и Марија Папуџиева се враќа во натпреварувачки првенствен ритам. Тие во првото пролетно коло во кадетската лига се слободни, а пак во 6.коло односно првото оваа пролет во пионерска лига гостуваат. По крајот на првиот дел ние во пионерската лига сме лидери на табелата со максимален ефект. Тие во недела, 31.март ќе играат гостински дуел со РК Делчево во истоимениот град со почеток во 14-00 часот.