Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три генерации на ФК Вардар утрово заминаа на турнири во Србија, познати составите на сите три екипи кои ќе ги бранат боите на клубот
Три генерации на ФК Вардар утрово заминаа на турнири во Србија, познати составите на сите три екипи кои ќе ги бранат боите на клубот

Три генерации на ФК Вардар утрово заминаа на турнири во Србија, познати составите на сите три екипи кои ќе ги бранат боите на клубот

Три Вардарови генерации утрово во 10 часот заминуваат на меѓународни турнир во Србија. Тоа се генерации родени “2003“, “2007“ и “2008′ година.

Шампионската генерација на ФК Вардар, родени “2003“ година која ја освои двојната круна, ќе учествуваат на турнир во Нови Сад, “Стеван Нештицки“. Избраниците на Томче Трајановски ќе бидат во група со репрезентацијата на Република Српска и фудбалската академија Сеак Сегед од Унгарија.

Список на играчи кои ќе ги бранат боите на Вардар на овој турнир се: Лука Стојковски, Бајрам Сејди, Дамјан Марковски, Дарко Трпезановски, Филип Ѓорѓоски, Алек Сељанац, Димче Мешковски, Дарио Јовановски, Абдула Хасани, Петар Давидовски, Марио Петрушевски, Бојан Петковски, Никола Петковски, Антонио Мирков, Влатко Стојановски, Лео Андрески, Дарко Младеновиќ, Александро Прелоговски, Георг Стојановски и Давид Бошески. 

Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година, која две години по ред е шампион на Македонија ќе настапува на турнир во Белград, под името “Драган Манце“. Познати се противниците во групната фаза, а тие се: Стара Пазова, академија Петар Пуача и Савациум.

Тренерот Зоран Петковски се одлучи за следниве играчи: Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Марко Киш, Петар Мицевски, Александар Грашески, Стефан Младеновски, Борјан Томовски, Емир Шаботиќ, Марко Крстевски, Златко Радески, Димитар Фидановски и Никола Јовановски. 

Уште една шампионска генерација на Вардар, најмладите родени “2008“ година заминаа на турнир “Вујадин Бошков“ , кој ќе се одигра во Нови Сад. Вардарци во група се со: Банатул Темишвар, Чукарички, Сеак Сегед, Рад, Меридијана, Оне тим Војводина и Јуниор Нови Сад.

Тренерот на оваа генерација, Павел Неделковски со себе ги понесе следниве играчи: Лука Грчевски, Матео Кесиќ, Огнен Бојковски, Арти Азизи, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски, Павел Андов, Стефан Марковски, Матеј Киш, Филип Сребров, Илија Митаноски и Коста Бошковски. 

Турнирите се играат во периодот од 9-11-ти јуни.