Генерацијата 2012 на ФК Вардар денес одигра три натпревари на силниот меѓународен турнир „Илинден Куп 2023“
Избраниците на Сашо Тодоровски на отварање на турнирот беа минимално поразени од екипата на Спорт Ефе со резултат 1:2. Стрелец на голот за нашиот тим беше Леон Костов.
На вториот натпревар се сретнавме со екипата на Ултрас Кидс, меч кој заврши со нерешен резултат 1:1. Голот за нас го постигна Вилијам Пауновски.
Во рамките на 3.коло за противник го имавме тимот на Раднички Крагујевац од кој бевме поразени со резултат 0:5. Утре го играме последниот натпревар во групата, против екипата на Форца.