Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Прва победа во Супер Лигата за помладите пионери, во Маџари триумф над Брегалница
Прва победа во Супер Лигата за помладите пионери, во Маџари триумф над Брегалница

Прва победа во Супер Лигата за помладите пионери, во Маџари триумф над Брегалница

Вардар „пресилен“ за Брегалница, помладите пионери со прва победа во Супер Лигата.

Утрово на стадионот „Борис Трајковски“ се одигра натпревар од 2.коло во помладата пионерска Супер Лига, во кој се сретнаа екипите на Вардар и Брегалница. Избраниците на Влатко Колев доминираа на овој натпревар и заслужено триумфираа со убедливи 5:1 (3:1).

379068255_287367010717059_4770761393961402419_n

Во 17.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со погодокот на Дамјан Буцевски кој погоди откосо од прекин. Кратко траеше нашата радост, веќе во следниот напад гостите од Штип успеаа да го израмнат резултатот на 1:1, сепак тоа беше се од противникот на денешниот меч.

379291248_287369710716789_3488471180119183380_n

Пред да ја вратиме предноста, обиди кон голот на противникот имаа Бујароски, Блажевски и Митаноски, но бранеше голманот на гостите. Во 38.минута со вториот гол на Буцевски го вративме водството, после центар шут од десната страна на Блажевски, на вистинското место во шеснаесетникот на Брегалница се најде Дамјан Буцевски кој погоди за 2:1. Се играше последната минута од првиот дел, кога со одличен погодок од околу 18.метри, Стефан Бујароски донесе предност од 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.

379322325_287370554050038_7356063441172765438_n

Во 48.минута, со хет-трик на Дамјан Буцевски, Вардар веќе имаше високи 4:1, на голот претходеше акција од десната страна, најпрво биеше Митаноски, за момент голманот на Брегалница одбрани, на одбиената топка стигна Буцевски. Влатко Колев направи неколку измени во нашиот состав, давајќи шанса и на останатите играчи. Вардар не се повлече и покрај високата предност, продолжи со офанзивна игра да го притиска противникот на својата половина. Се играше 65.минута кога Матеј Георгиев се запиша во листата на стрелци за предност од 5:1. До крајот на мечот имавме уште неколку обиди, но немаше нова промена на резултатот.

379342018_287369860716774_2843956685266710973_n

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Ендрит Кадрији, Стефан Стаматоски, Стефан Бујароски.

Играа уште и Матеј Георгиев, Теодор Велковски, Никола Јовановски, Данило Делев и Михаил Алексов.