Фудбалскиот клуб на Вардар од генерација родени “2005“ година максимално го искористуваат периодот по завршување на есенскиот дел од сезоната во детската лига. Избраниците на Игор Кралевски продолжуваат со силното темпо на одигрување контролни натпревари и тоа по четири во тек на една недела. Изминатиов период беа одиграни три натпревари, на кои забележавме убедливи победи.
Беа совладани екипите на Скупи (7:2), Њу Старс (8:0) и Нова Колонија (9:2). Во текот на денешниот ден ќе спарингуваат со екипата на Смилковци, додека до крајов на неделава ќе одиграат уште два контролни мечеви. Најпрво во петок за противник ќе ја имаат екипата на Скупи, додека во сабота на теренот на академијата пријателски натпревар ќе имаат против тимот на ГФК Неготино. На тој начин избраниците на Кралевски го одржуваат победничкиот ритам и добрата форма која трае од почетокот на новата натпреварувачка сезона во детската лига.
Оваа генерација ќе тренира се до 23-ти декември, по што ќе оди на заслужен одмор. Да напоменеме дека двете екипи станаа есенски шампиони во детскат лига, со максимален број на освоени бодови.