Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардаровите генерации продолжуваат со добри игри во новата сезона, три победи и нерешен резултат во дуелите со Милано

Вардаровите генерации продолжуваат со добри игри во новата сезона, три победи и нерешен резултат во дуелите со Милано

Иминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации со три победи и еден нерешен резултат во дуелите со Милано го одбележаа ова коло.

Единствено кои не победија беа помладите пионери, кои одиграа без голови 0:0 на гостувањето во Куманово. Иако имавме неколку шанси, сеоак до крајот резултатот остана непроменет. По три одиграни кола оваа генерација има по една победа, нерешен резултат и пораз, или вкупно 4 освоени бодови. Сеуште не сме го фатиле вистинскиот ритам на игра, каков што знае да го игра оваа генерација. Очекуваме во брзо време да се подигне нивото на игра и да се бележат подобри резултати.

Пионерите продолжија по патот, кој го започнаа уште пред стартот на сезоната, кога го освоија силниот “Скопје куп 2016“. Нова жртва за избраниците на Сашо Тодоровски беше екипата на Милано, која ја совладавме на нивниот терен со резултат 0:3. Саит Битиќи полека влегува во посакувата форма, постигнувајќи два гола на последниот меч. Али Адем во вториот дел само ја потврди доминацијата и триумфот на црвено-црните. Максимални девет бода по првите три одиграни кола за оваа Вардарова генерација.

Со победи во новата сезона продолжуваат и кадетите предводени од Влатко Колев. Само неколку минути им беа потребни на нашите надежи да го “скршат“ отпорот на противникот. Дејан Стоименов беше играчот на одлука, постигнувајќи ги двата гола на овој меч, за конечен резултат од 2:0. На овој дуел стартуваше и повратникот Андреј Кировски, додека сеуште надвор од игра е Дејан Маркоски.

Младинците ја нанижаа и третата последователна победа во првенството, откако во саботата ја победија екипата на Милано. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. Првите голови во новата сезона во младинскиот состав ги постигнаа Најдоски и Димков, додека стрелец на уште еден гол беше капитенот Есмин Личина.