Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Македонија ЃП следен предизвик за ФК Вардар
Македонија ЃП следен предизвик за ФК Вардар

Македонија ЃП следен предизвик за ФК Вардар

По репрезентативните обврски и едно неделната пауза, се враќаат возбудувањата во првата македонска фудбалска лига. Овој викенд, на програмата е петтото коло од најсилната лига. Нашиот шампион, тимот на ФК Вардар в недела го очекува скопска пресметка, против новиот прволигаш, тимот на Македонија Ѓорче Петров.

По четири одиграни кола, Вардар се наоѓа на делба на првата позиција со битолски Пелистер, овие два тима досега успеаа да соберат по десет бодови. Тимот на Македонија ЃП се наоѓа на осмата позиција, со само два освоени бодови. По четири одиграни рунди, сеуште се немаат радувано на победа. На последните два натпревари, успеаа да одиграат две нерешени средби и тоа со Пелистер и Силекс.

Овој натпревар ќе биде одигран в недела, со почеток во 16 часот на стадионот во населбата Ѓорче. Очекуваме нови три бодови од нашите ”црвено – црни” и со самото тоа да продолжи серијата од три победи по ред.