Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред за мечевите во младинската лига на ЖРК Вардар, стартуваме со дерби меч против Металург

Распоред за мечевите во младинската лига на ЖРК Вардар, стартуваме со дерби меч против Металург

Младинките на ракометниот клуб Вардар во новата натпреварувачка сезона 2016/2017 ќе стартуваат со мечевите  во средината на идниот месец односно на 15 или 16 октомври. Тие сезонава ќе бидат предводени од тренерот Анжела Платон, додека нејзин помошник ќе биде Александра Кузмановска. Екипата ќе ја сочинуваат ракометарки кои во изминатаа сезона настапуваа како младинки и поголем дел од играчите ќе бидат од екипата, која се натпреваруваше како кадетки во сезоната која е зад нас.

Стартуваме во првото коло како гостинки во Автокоманда, каде како што сакаше ждребот со дерби дуелот против младинките на ЖРК Металург ќе ја почнеме новата сезона. Лигата е сочинета од осум клуба и ќе се играат седум кола во есенската полуетпа. Првиот меч како домаќинки ќе го играме против екипата на Стружанка недела потоа. Интересно е да се спомене дека покрај нашиот состав во ова натпреварување играт и тимовите на РК Кузман Вардар од населбата Илинден и Делчево Вардар тимови кои се регионални школи на црвено-црниот тим. Распоредот за есенскиот дел во женската ракометна младинска лига може да го погледнете ТУКА.