Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три Вардарови генерации дел од силниот меѓународен турнир “Кикер куп“ во Краљево
Три Вардарови генерации дел од силниот меѓународен турнир “Кикер куп“ во Краљево

Три Вардарови генерации дел од силниот меѓународен турнир “Кикер куп“ во Краљево

Во периодот од 24-26-ти јуни три Вардарови генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир “Кикер куп“ во Краљево(Србија). Генерациите родени “2005“, “2006“ и најмладите “2007“ ќе се натпреваруваат на споменатиот турнир.

За Краљево тргнуваме во петок, а веќе се одредени и групите и познати противниците за Вардаровите генерации:

Генерацијата “2005“ предводена од тренерот Зоран Петковски ќе се натпреварува во група заедно со екипите на СК 99, Будуќност, Аполон и Црвена Ѕвезда. Во петок ги стартуваме мечевите во групата. Најпрво со почеток од 14:00 играме против екипата на СК 99, додека истиот ден од 17:30 часот се сретнуваме со тимот на Будуќност.

Генерацијата “2006“ под водство на Игор Кралевски ќе биде во група заедно со екипите на Аполон, Драчево, Гаучоси и Финале КС. Во петок ќе одиграме два натревари во групната фаза. Турнирот го стартуваме со дуел против Аполон (16:00), додека два часа подоцна (18:00) ќе играме против тимот на Финале КС.

Генерацијата на Томче Трајановски, момчиња родени “2007“ исто така ќе бидат дел од овој силен турнир. Тие се најдоа во група со екипите на Металац, Полетерац, Бубамара и Национал АГ. Турнирот го отвараме во петок со натпревар против Национал (15:00), додека вечерта од 19 часот силите ќе ги одмериме и со екипата на Полетерац.