На турнирот учествуваа генерација родени 2002 и помлади, а интересно е што покрај машките имаше и повеќе девојчиња кои исто така имаа голема желба за тренирање ракомет. Младите од Демир Капија имаа шанса да запознаат дел од играчите кои настапуваат во Вардар јуниор лигата, и да дознаат како истата функционира и можностите за напредување низ ракометните школи на Вардар. Покрај Оу „Димче Ангелов” на турнирот учествуваа и екипите на Бисинов Вардар, Урдаревски Вардар и комбинирана екипа на РК Вардар. Победник на турнирот е екипата на Бисинов Вардар, иако поважно беше воспоставувањето на нови пријателства меѓу школите и децата, кои сакаат да бидат дел од ракометната академија на Вардар. Црвено-црните планираат и понатака да ја омасовуваат Јуниор лигата која е база за регрутирање на квалитни играчи за во идните младински остави на Вардар.