Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Едуард Кокшаров назначен за спортски директор на ракометниот клуб Вардар
Едуард Кокшаров назначен за спортски директор на ракометниот клуб Вардар

Едуард Кокшаров назначен за спортски директор на ракометниот клуб Вардар

Прославениот руски репрезентативец, Едуард Кокшаров ќе биде нов спортски директор на ракометниот клуб на Вардар. Ова преку својата официјална страна го потврди клубот.

Најголем дел од својата играчка кариера Кокшаров помина во екипата на Целје Пивоварна Лашко, со која успеа дури и да ја освои европската круна во сезоната 2003/03. Со истава екипа освои девет пати наслов шампион во Словенија. Има играно во екипата на КИФ Красноадар, каде работеше и како главен тренер пред да дојде во Вардар. Има настапувано и за екипата на Чеховски Медведи, која беше последна негова екипа како играч. Тука играше заедно со Дибиров, Горбок, Шишкарев и Чипурин кои подоцна преминаа во црвено-црниот состав. Инаку настапуваше на позицијата лево крило.

На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000.

-Ангажирањето на личност како Кокшаров очекуваме да донесе нов квалитет на организациски план во Вардар. Ние сме подготвени да учиме и да ја реализираме секоја нова идеја што може да донесе подигање на нивото на квалитет не само во играта туку и на сите други полиња во Вардар. Нашиот клуб секогаш е отворен за искусни луѓе кои можат на било каков начин да помогнат во реализирање на поставените цели. Едуард Кокшаров се вклопува во нашиот систем и верувам дека ќе можеме набрзо да ја видиме придобивката од нашата соработка, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалниот сајт на Вардар.