Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Мицевска: Не сметам дека второто место е реалност за оваа екипа, бидејќи сум сигурна дека можеме многу повеќе
Јована Мицевска: Не сметам дека второто место е реалност за оваа екипа, бидејќи сум сигурна дека можеме многу повеќе

Јована Мицевска: Не сметам дека второто место е реалност за оваа екипа, бидејќи сум сигурна дека можеме многу повеќе

Младинките на Вардар го освоија второто место во младинската лига за оваа натпреварувачка сезона. Нерешениот резултат против Ѓорче на гостински терен во рамките на плејофот беше пресуден за губење на трофејот од екипата на Металург. За впечатоците од одиграната сезона и задоволството од остварените игри и резултати можете да прочитате од изјавата на  голманката Јована Мицевска.

-Оваа година беше уште едно искуство за нас, напорно работевме и максимално се трудевме тоа да го презентираме на терен. За жал не успеавме да бидеме први иако тоа ни беше примарна цел, да бидеме први и понатаму е нашата цел па се надеваме дека наредната сезона и тоа ќе го оствариме. Не сметам дека второто место е реалност за оваа екипа бидејќи сум сигурна дека можеме повеќе, Ѓорче и Делчево се одлични екипи така што ќе се потрудиме да го надокнадиме тоа што оваа сезона го загубивме.

Нашите младинки имаа можност да бидат и дел од силен меѓународен турнир во Белград, на кој го освоивме четвртото место.

-Турнирот во Белград беше спој од одлични екипи, сигурна сум дека можеме да се носиме со сите и дека ќе успееме со максимална работа, концентрација и дисциплина. Се надевам на многу турнири од овој тип во иднина. Не сметам дека Вардар е далеку од силните балкански екипи. Ние имаме одлична младинска школа со одлични тренери, работиме сите заедно и напорно и верувам дека баш поради тоа и посакуваниот успех во иднина нема да изостане.

Јована Мицевска беше сигурно една од најдобрите во составот предводен од тренерот Билјана Пецевска. Нејзината форма оди се повеќе во нагорна линија.

-За мене целата сезона беше искуство и учење. Јас секогаш се трудам да го дадам максимумот за тоа да биде за доброто на екипата. Секогаш напорно работам со екипата и со мојот тренер на голмани така што сметам дека со уште повеќе работа и труд ќе успеам да го постигнам тоа што го посакувам.  Имам голема среќа што работам со Александар Царчев- тренерот на голмани, од него учам се и за мојот успех е заслужен тој. Се надевам дека и во иднина ќе ги исполнам неговите очекувања.

Од следната натпреварувачка сезона се најавува дека кадетките и младинките се спојуваат заедно, кои ќе ги предводи тренерот Анжела Платон. Сигурно ќе има промени во играчкиот кадар, дел од ракометарките кои оваа сезона настапуваа како младинки, нема повеќе да бидат дел од оваа генерација.

-Во новата сезона очекувам да сме шампиони и да го одработиме она што секојдневно го вежбаме со нашите тренери, да докажеме дека заслужено сме први и со напорни тренизи, работа и посветеност да стоиме на врвот, изјави Јована Мицевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски