Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Триумф и за пионерите на ФК Вардар, кои во дербито го победија Работнички

Триумф и за пионерите на ФК Вардар, кои во дербито го победија Работнички

Пионерите на ФК Вардар денес на теренот на академија го одиграа натпреварот од заостанатото 18 коло, против екипата на Работнички. Овој дуел му припадна на нашиот состав кој славеше со резултат 4:2. Фитор Реџепи постигна два гола, додека еднаш во листата на стрелци се запиша Али Адем и Мартин Филипоски.

Вардар ја имаше првата голема шанса преку Милан Благојевиќ, но неговиот удар завршува само неколку сантиметри од голот на Работнички. Избраниците на Тодоровски имаа поголем посед на топка и создаваа повеќе шанси од противникот во овој дел од натпреварот. Обид имаше и Реџепи, но топката завршува покрај голот. Во шанса се најде и капитенот Бериша, но топката завршува во рацете на голманот. Се обиде и Пешевски, но со крајни напори брани голманот на Работнички. Во првиот дел се се случи за две минути кога постигнати два гола. Најпрво Вардар го отвори резултатот и поведе со 1:0 со голот на Фитор Реџепи. Имаше нафрлена топка од корнер, на која наиде Реџепи, која ја смести во голот. Веќе во следната акција, откако тргна од центарот гостинскиот тим, беше направен прекршок во нашиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка. Успешно реализира Стефан Колевски за израмнување на резултатот на 1:1.

vardarfans-tekst

Првата шанса во второто полувреме ја имаше  нововлезениот Саит Битиќи, но противничкиот голман го брани ударот. Црвено-црните повторно доаѓаат во водство од 2:1, а стрелец на голот е Али Адем. Од десната страна продор направи Дарлишта, се најде во добра ситуација и биеше, но голманот за кратко го скроти ударот, но одбиената топка стигна до Адем кој успешно стрела за нова предност. Слично како во првото, така и во вториот дел, набрзина гостите успеваат да израмнат на 2:2 и тоа со голот на Јездимир Недељковиќ. Во второто полувреме во игра влегоа Калчиноски, Битиќи и Димов, додека излегоа Дарлишта, Благојевиќ и Стојчески. Во следните 15 минути се играше мирно по средината на теренот, без поголема шанса за една од екипите да дојдат во водство. Јакуп Бериша се обиде од голема далечина бие ниско по земја, но повторно противничкиот голман го скроти ударот. Сепак веќе во следниот напад успеваме да погодиме и тоа со вториот денес погодок на Реџепи, за ново водство од 3:2.

vardarfans-pioneri

Последна измена во нашиот состав. Од игра излезе Реџепи, на негово место е Мартин Филипоски. По нецела минута откако влезе во игра, Филипоски успева да ја затресе противничката мрежа и да зголеми на 4:2. По голот, судијата веднаш отсвири крај на натпреварот.

Стартните 11 за Вардар: Тимевски, Ѓорѓиески, Антовски, Стојчески, Радевски, Али Адем, Пешевски, Дарлишта, Бериша, Реџепи, Благојевиќ