Вардар продолжува со натпреварите во ПМФЛ. Следен противник на нашиот шампион е екипата на Победа од Прилеп. Овој натпревар е од рамките на 30 коло во ПМФЛ. Вардар веќе сигурно чекори кон освојување на нова шампионска титула, додека пак нашиот утрешен ривал се наоѓа на 8 место кое во моментов значи дуел за опстанок во првата лига со тим од втората.
Вардарци оваа сезона потешко од очекувањата поминуваа со оваа екипа. На три дуели Вардар победи на два наврати додека пак Победа се радуваше на еден триумф. Првиот натпревар како гостин нашиот тим го доби со 0:1 со гол на Фелипе. Вториот пак, на домашен терен го добивме со 2:1, стрелци на головите на тој меч беа Асани и Којашевиќ во самата завршница од мечот. Третиот одигран на 05 март во Охрид, Победа како домаќин победи со резултат 2:1. На тој меч иако Вардар водеше по првиот дел со голот на Грнчаров, сепак во вториот домаќинот постигна два погодоци и победи.
Очекуваме утре еден интересен и пред се возбудлив натпревар на овие два лути ривали. Натпреварот ќе започне со почеток во 16-00 часот. Главен судија ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје.