Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар ги играат последните контролни натпревари, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.
Генерацијата 2005 на Зоран Петковски на теренот во населбата Јане Сандански одиграа пријателски меч со екипата на Форца, кој го добија убедливо со резултат 10:1. Вардарци беа надмоќни на овој дуел и на крајот стигнаа до заслужена победа. Никола Величковски беше играчот кој успеа да постигне дури пет голови на овој дуел, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа уште и Филип Јовановски, Кристијан Таневски, Лука Јакимовски, Давор Серафимов и Тино Спасиќ.
Вардар: Филевски, Серафимов, Таневски, Кулуковски, Јакимовски, Спасиќ, Цветков, Унески, Јовановски, Антевски, Величковски.
Активна денес ќе биде и генерацијата 2006 која ќе одигра контролен меч против екипата на Работнички, додека избраниците на Филип Спасески во сабота на теренот на Академијата ќе имаат уште еден контролен дуел, против тимот на Шкендија.