Tuesday ,01 July 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > 20.победа за младинците на ФК Вардар кои беа подобри во дербито од екипата на Работнички
20.победа за младинците на ФК Вардар кои беа подобри во дербито од екипата на Работнички

20.победа за младинците на ФК Вардар кои беа подобри во дербито од екипата на Работнички

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ја забележаа и својата 20.победа во рамките на младинската Супер-лига. На теренот во населбата Јане Сандански, вардарци го добија дербито со екипата на Работнички совладувајќи ја со резултат од 2:0.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Радевски, Пешевски (c), Наумчески, Стојчески, Велковски, Младеновски, Јусуф, Ѓорѓиески, Божиноски, Тасев.

По еден во двете полувремиња, се покажаа како доволни за нов триумф на вардаровите младинци. Јовица Радевски беше играчот кој во 30 минута го отвори резултатот на 1:0, за во 63 минута конечниот резултат да го постави Антонио Божиноски. Ова беше вкупно петта победа сезонава за Вардар во меѓусебните дуели со градскиот ривал.

Во игра влегоа уште и Хасановиќ, Петковски и Кртовци.