Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Кога видов како Вардар два дена пред нас го прегази ПИК Сегед, се надевав и знаев дека можеме и ние
Циндриќ: Кога видов како Вардар два дена пред нас го прегази ПИК Сегед, се надевав и знаев дека можеме и ние

Циндриќ: Кога видов како Вардар два дена пред нас го прегази ПИК Сегед, се надевав и знаев дека можеме и ние

Лука Циндриќ се врати во свој препознатлив стил на ракометните терени по повредата и имаше значителна улога во големата и сензационална победа на својот тим Келце пред домашната публика со дури десет голови разлила. Екс играчот на Вардар вели дека кога видел како Вардар го разнесе Сегед, верувал дека и неговиот тим може до исто така висок резултат, што се случи на крајот.

„Полека, ништо не е готово. Да бидеме реални, резултатот кој ние го остваривме, го сметавме за невозможен. Овие натпревари се посебен мотив. Некако, кога видов како Вардар два дена пред нас го прегази ПИК Сегед, се надевав и знаев дека можеме и ние. Но, како што ние ги победивме десет разлика, така може и тие да не победат нас. Мора да внимаваме“, изјави Циндриќ за „Спортски новости“.

„Мислам дека Барселона и Веспрем се многу блиску до Ф4, а истото треба да стои и за Вардар, затоа што има предност која верувам дека ќе ја сочува. Четвртиот тим треба да бидеме ние и се надевам дека во Париз ќе успееме во намерата“.