Ракометарите на Пик Сегед се убедени дека можат да одиграат партија на кариерата, а сега конечно се појави и некој кој ги спушти на земја и реално ја прикажа ситуацијата за унгарскиот шампион. Познатиот коментатор на ЕХФТВ, Том О’Бранинг во своја нова колумна кратко и јасно напиша зошто Пик Сегед не може да го победи Вардар со девет гола разлика.
„Да бидам искрен не можам да го видам Пик Сегед како го победува Вардар со девет гола разлика. Цела сезона немаат убедлив триумф, зошто би го сториле тоа сега“, вели Том О’Бранинг.