Македонската фудбалска репрезентација до 16 години денес отпатува за Србија, каде претстојниов период ќе биде дел од мини турнир, на кој ќе настапат уште и репрезентациите на Црна Гора, Србија и Бугарија.
За овој турнир, селекторот на Македонија, Дашмир Беари ги повика нашите играчи, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ и Златко Радески.
Во вторник не очекува натпревар против Србија, а зависно од исходот на овој дуел, во четврток ќе играме со една од репрезентациите на Бугарија или Црна Гора.