Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар тргна со победа над Ангели во 1/2-финалето од плеј-офот
КК Вардар тргна со победа над Ангели во 1/2-финалето од плеј-офот

КК Вардар тргна со победа над Ангели во 1/2-финалето од плеј-офот

Домашниот терен се покажа како пресуден фактор во првиот круг од полуфиналните натпревари во Втората лига. Екипите на Вардар и на ГКК Охрид се стекнаа со почетно водство од (1-0) во сериите кои треба да ги дадат двата нови членови на Првата лига за сезоната 2023/2024.

ВАРДАР – АНГЕЛИ 83:78 (1-0)

(17-23; 21-16; 24-16; 21-23)

Гостите одиграа подобро на почетокот, во првите десет минути се стекнаа со солидна предност од шест поени (23:17). Втората четвртина беше „вардарова“, означи враќање на домашните кошаркари во овој прв меч од сериата. До полувремето, Вардар дојде на минус еден поен (38:39).

Се чини дека клучна за конечниот исход беше третата четвртина, онаа во која домапнит екошаркари за прв пат се овоија на пристојна предност. Во тие десет минути направија комплетен пресврт, и последниот дел од играта го дочекаа со водство од (62:55).

На пет минути пред крајот, резултатот во салата „Под Кале“ беше егал (70:70). Но младите кошаркари во „црвено-црна“ комбинација направија серија од (8-0) доволно да се одвојат уште еднаше, сега на (78:70). Разлика која се покажа како недостижна за гостите од Драчево, кои ќе бидат домаќини на наредниот меч во серијата.

Хусеин Бајрам одигра одличен натпревар, кој го круниса со 33. реализации за Вардар, Коцев постигна 14, Митков имаше13, а Атанасов 10 поени.