Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Тројца играчи на Вардар во составот на Македонската фудбалска репрезентација до 18 години
Тројца играчи на Вардар во составот на Македонската фудбалска репрезентација до 18 години

Тројца играчи на Вардар во составот на Македонската фудбалска репрезентација до 18 години

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на 23 и 26-ти ноември ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Унгарија. Двата меча ќе бидат одиграни на тренинг центарот на Унгарската фудбалска федерација.

На списокот на селекторот Јетон Несими за овие пријателски натпревари се најдоа тројца играчи кои доаѓаат од редовите на Вардар. Сите тројца настапуваат за младинската екипа.

Филип Трајчевски е голманот кој имаше можност со само 17 години да дебитира за првиот тим на Вардар. На последниот меч за Б-тимот на Фк Вардар успеаа да одбрани удар од белата точка на Вручина од екипата на Шкендија. Вториот играч е Виктор Димков кој минатата сезона имаше одлични настапи, тогаш за кадетите на Вардар, а добрите игри ги продолжува и во новата сезона за младинскиот состав. Беше во првите 11 на мечот со Шкендија во Б-лигата. Ердон Даци е последниот играч од редовите на Вардар во оваа репрезентација. Даци беше најефикасен играч за кадетската екипа на Фк Вардар минатата сезона. Добива шанса и за вториот тим, во рамките на Б-лигата. Во новата сезона исто така има забележителна улога во добрите резултати на својот тим.