Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > “Осум Вардарки“ во составот на сениорската женска репрезентација, за квалификацискиот циклус за ЕП
“Осум Вардарки“ во составот на сениорската женска репрезентација, за квалификацискиот циклус за ЕП

“Осум Вардарки“ во составот на сениорската женска репрезентација, за квалификацискиот циклус за ЕП

Селекторот на Македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски го објави списокот на ракометарки, на кои ќе смета за квалификацискиот циклус за европското првенство кое во 2016 година ќе се одржи во Шведска. Ова е истата екипа која настапи на натпреварите против Ц. Гора и Хрватска. Единствена промена е новото име Ивана Саздовски од екипата на Бенсхајм (Германија). На поширокиот список се најдоа дури осум играчи, кои настапуваат за ракометниот клуб Вардар.

Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Теодора Керамичиева, Ангела Тодоровска и Симона Стојановска, се девојките кои играат во првиот и вториот тим на Жрк Вардар.

Првиот собир на Македонската репрезентација е закажан за понеделник со почеток од 17 часот, во малата сала во Јане Сандански.