Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари со соодветната репрезентација на Малта.
За натпреварите кои се закажани за 15 и 17.февруари на тренинг центарот Петар Милошевски, селекторот на оваа млада репрезентација, Тони Јакимовски, повика тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Никола Величковски, Марко Стојилевски и Симеон Здравковски.