Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 20.коло, Вардар го продолжи „чекорот“ со Еурофарм Пелистер за титулата
Преглед на 20.коло, Вардар го продолжи „чекорот“ со Еурофарм Пелистер за титулата

Преглед на 20.коло, Вардар го продолжи „чекорот“ со Еурофарм Пелистер за титулата

Вардар ја продолжува борбата за шампионската титула во домашната Супер Лига со екипата на Еурофарм Пелистер. Вчера на програмата беше 20.коло, во кое немаше некое изненадување, до победи стигнаа фаворитите. Вардар на најдобар можен начин се одмазди за поразот во Битола, и вчера убедливо на домашен терен го победи тимот на Еурофарм Пелистер 2. Скопје блиску до „сензација“ но не успеа да освои бодови на дуелот со Бутел.

Сите резултати од ова коло:

Охрид – Пролет  23:20

Радовиш – Прилеп  28:36

Скопје – Бутел  23:24

Вардар – Еурофарм Пелистер 2  32:20

Струга – Тиквеш  32:34

Ова беше 17.победа за Вардар, или вкупно 52 бодови колку има и екипата на Еурофарм Пелистер.