Петлињата на фудбалскиот клуб Вардар денес беа активни на турнирот во Сандански.
Генерацијата 2008 предводена од Влатко Колев денес одигра два натпревари. Турнирот го отворивме на одличен начин со победа против екипата на Витоша 13 од Софија. Нашите млади надежи го надиграа противникот, остварувајќи висок триумф со резултат 5:1. Лука Трпевски постигна два гола, додека по еден гол беа дело на Омер Идризи, Дамјан Буцевски и Ристе Стоилов. Вардар се наоѓа на првото место во групата.
На вториот натпревар за противник ја имавме екипата на Прециз Монтана. И тука бевме подобри од противникот забележувајќи победа со резултат 3:0. Два гола беа дело на Ристе Стоилов, додека еден постигна Ендрид Кадрија.
Пораз во првото коло за генерацијата 2007, која не успеа да освои бодови на натпреварот со екипата на Хебар Пазарџик. Противникот беше подобар и славеше победа со резултат 2:0. Во текот на утрешниот ден не очекуваат два натпревари со оваа генерација.
Денес до втора победа на турнирот стигна и генерацијата 2009. Нашите момци убедливо ја победија екипата на УФК Софија со резултат 7:0. Бошковски даде два гола, додека во листата на стрелци се запишаа и Николов, Атанасовски, Чедомирски, Ангеловски и Дошев. Со овој триумф обезбедивме учество во полуфиналето на турнирот во Сандански.