Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на 11.04 и 13.04 во Скопје ќе одигра контролни натпревари со соодветната репрезентација на Црна Гора.
За овие пријателски натпревари, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски, повика тројца наши играчи, од кои еден за прв пат ќе дебитира во националниот дрес. Се работи за голманот, Никола Филевски, за кој ова е прв повик во младата репрезентација на Македонија. Во репрезентацијата повратник е Ѓорѓи Дошев, додека Давор Серафимов веќе е стандарден во репрезентацијата до 18 години.
Натпреварот на 11.04 е закажан да се одигра со почеток од 15:00 часот, додека вториот натпревар на овие репрезентации ќе стартува од 12:00 часот.