Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парична казна и два натпревари без публика за РК Вардар
Парична казна и два натпревари без публика за РК Вардар

Парична казна и два натпревари без публика за РК Вардар

Денес, дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија ги соопшти казните за инцидентите на големото дерби помеѓу Вардар и Пелистер.

За дуелот кој се одигра во Јане Сандански, црвено-црните поради влегување на публика во терен, која беше предизвикана од однесувањето на гостинските навивачи при влегување во салата, следните два домашни меча ќе ги играат пред празни трибини. Тоа значи дека вардарци ќе немаат помош од трибините на средбите против Охрид и Пелистер 2. Исто така двата тима добија високи парични казни и тоа по 150.000 денари.