Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 22.коло,последно! КК Вардар како лидер влегува во плеј-офот
Преглед 22.коло,последно! КК Вардар како лидер влегува во плеј-офот

Преглед 22.коло,последно! КК Вардар како лидер влегува во плеј-офот

Големи возбудувања донесе последното, 22. коло од регуларниот дел од натпреварите во Втората лига.

Последната непозната, односно осмиот учесник во разигрувањето за пополнување на две места кои водат во Првата лига, ја тргна победата на МЗТ Скопје Уни Банка. И тоа на гостински терен, против актуелниот лидер на табелата, Вардар.

„Под Кале“, младите „металци“ одиграа одличен меч кој го решија во своја корист со убедливи (88:67).

Доволно за половичен ефект (11.победи и 11.порази) кој ги стави на осмото место на табелата, последното кое води во битките за место во Првата лига.

Интересно, противник во четвртфиналето кое стартува на 22, односно 23. април, ќе им биде екипата на Вардар, која како првопласирана, ќе ја има предноста која ја носи со себе подобриот ранкинг во регуларниот дел од сезоната.

Во директен дуел за позицијата број 2, кошаркарите на Работнички беа подобри од штипски Соколи 1933 со (70:65), и со оглед на тоа дека победија во двата меѓусебни дуели против штипјани, во доигрувањето ќе имаат подобра стартна позиција.

Противник ќе им биде седмопласираната екипа во регуларната фаза – ГКК Охрид, кој пак има најлош меѓусебен однос во „триаголникот“ со екипите на МКК Куманово и Водно Санс. Сите три екипи завршија со учинок од 12.победи и 10.порази, а кош-количникот во меѓусебните дуели одреди Водно Санс да биде петти, МКК Куманово на шестото, а екипата од Охрид на седмото место.

Пресудна за конечниот изглед на табелата беше победата на Водно Санс на гостински терен, против екипата на Ангели (86:74).

Интересно, во четвртфиналната „проекција“ овие две скопски екипи ќе се борат за место во полуфиналето.

Согласно со системот за натпреварување, четвртфиналето ќе се игра серија „подобар во три натпревари“, со предност на домашен терен која ја имаат првопласираните четири екипи на табелата по завршувањето на 22. коло.

Термини за одигрување на четвртфиналето се 22.април, потоа 26.април, а евентуалниот трет натпревар од серијата следува на 29.април.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         67:88

Работнички 2018 – Соколи 1933        70:65

Борец баскет – Шкупи    98:102

Ангели – Водно Санс       74:86

Црн Дрим – МКК Куманово      76:67

ГКК Охрид – Баскет Кам 86:81

ТАБЕЛА: Вардар 39, Работнички 38, Соколи 1933 38, Ангели 36, Водно Санс 34, МКК Куманово 34, ГКК Охрид 34, МЗТ Скопје Уни Банка 33, Шкупи 33, Борец баскет 29, Баскет Кам 25, Црн Дрим 23;