Кошаркарките на Вардар реализираа голема победа во вториот меч од четвртфиналната серија од плеј-офот против МЗТ Скопје. Победија на гостински терен во Аеродром, со убедливи (71:53), израмнија на (1-1) во серијата која ќе има и трет одлучувачки меч, кој за неколку дена ќе се игра „Под Кале“.
Гостинската екипа ги доби, интересно, сите четири четвртини. Избраничките на тренерот Александар Ашаданов делуваа убедливо во првата (24:16), но и во втората четвртина во која остварија (18:11).
За убедливо водство на полувремето (42:27), недостижно за екипата која ги елиминираше во полуфиналето од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Најискусната кошаркарка на теренот Славица Наков имаше и најмногу реализации – 26, а одлично ја следеа Деловска која имаше уште 15, а Џангаровска додаде 10 за победничката екипа.
Во поразената, Американката Симонс имаше 18 поени, Митрева 16, а Ли додаде само уште 11.поени, што беше премалку за победа на овој натпревар.
ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE
РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 53:71 (1-1)
СТРУГА 2009* – Крива Паланка 67:54 (2-0)
Пробаскет – БАСКЕТ КАМ* 2011 58:83 (0-2)
Гризли – БАДЕЛ* 1862 48:70 (0-2)