Младите репрезентации на Македонија и Малта до 17 години одиграа со нерешен резултат на првиот контролен натпревар.
Натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ заврши со нерешен резултат 1:1, со голови во вториот дел од дуелот. Противникот прв успеа да поведе, додека Македонија израмни на 1:1, резултат кој се покажа како конечен. Во првото полувреме две шанси имаше вардаровиот напаѓач, Никола Величковски. Во првиот обид биеше со глава после центар шут, додека во втората прилика после добра акција шутираше со лева нога, но голманот на Малта одбрани во двата обиди. Во вториот дел во прилика се најде и вардаровиот стопер, Марко Стојилевски, но и оваа шанса остана неискористена.
Величковски Стојилевски беа во стартниот состав на селекторот Јакимовски, додека во игра во вториот дел го видовме и Симеон Здравковски. Во четврток двете репрезентации ќе го одиграат и вториот контролен натпревар.