Најверните навивачи на ФК Вардар, популарните ,,Комити” веќе неколку месеци го чекаат враќањето на Вардар на зелените терени, а воедно и нивната поддршка кон фудбалерите на ,,црвено – црните”.
Во сабота Вардар гостува во Охрид, а најверните најавуваат вистински спектакл и одлична бројка на ова гостување. Веќе неколку денови гледаме одбројување до саботниот дуел, а има исто така и плакати низ Скопје и повик да се замине во Охрид и да му се даде што е можно поголема поддршка на Вардар.
Останува да чекаме и да се надеваме дека во сабота во Охрид ќе биде празник на фудбалот, но и празник на навивањето пред одлични услови за игра и добар фудбал на двете екипи.