Денес на програмата е претпоследниот натпреварувачки ден на турнирот во Сандански.
Генерацијата 2009 на Вардар успеа да се избори за големото финале, откако денес во полуфиналето успеа да ја победи екипата на Пирин од Благоевград. Само еден гол го реши победникот, истиот заврши во противничката мрежа кој го постигна Давор Павловски. Утре во големото финале ќе играме со екипата на Спартак Пловдив кој во полуфиналето го победи тимот на Парк со резултат 3:2.
Генерацијата 2007 ќе игра за третото место на турнирот „Пирин Куп“. Во полуфиналето момците на Влатко Колев беа поразени од екипата на Черно Море со резултат 3:0. За бронзата денес ќе играме со екипата на Спартак Плевен.
Генерацијата 2008 го освои третото место на турнирот „Пирин Куп’, Откако завршивме на првото место во групната фаза заедно со екипите на Септември Софија и Славиа од Софија, игравме сите еден против друг.
Вардар ги загуби натпреварите од Славиа (2:0) и Септември (7:0) и на тој начин го освои 3.место на овој меѓународен турнир.