PK Вардар 1961 и новиот тренер го очекува вистинскиот предизвик, утре вечер (18.45) црвено-црниот тим игра на гости кај Монпелје во ЛШ. Вардаровото крило и репрезентативецот на земјава, Гоце Георгиевски за оваа средба вели:
Еден сериозен противник, кој е прв на табелата и самото тоа кажува дека е многу квалитетен тим. Одиме таму да се надигруваме со нив, без намера да се предадеме. Тие нè победија на домашен терен, но сега имаме нов тренер, нов систем на играње и мислам дека треба да веруваме во позитивен резултат, иако се многу квалитетни. Ќе биде тешко. Гледавме неколку натпревари, последните што ги одиграа и навистина се гледа дека се добра екипа, но треба да се надеваме на победа- вели Георгиевски.