Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Јовчев, Давков и Ѓорѓиевски добија повик за настап за Македонија У19
Јовчев, Давков и Ѓорѓиевски добија повик за настап за Македонија У19

Јовчев, Давков и Ѓорѓиевски добија повик за настап за Македонија У19

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 13 и 15.април во Скопје ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Црна Гора.

За овие натпревари, селекторот Влатко Грозданоски, повика тројца играчи од редовите на Вардар. Тоа се голманот, Гоце Јовчев, потоа Грегори Давков и Филип Ѓорѓиевски. Повик имаше и за Петар Давидоски, кој не доби дозвола од првиот тим на Вардар, со оглед дека во среда ги очекува натпревар против Ренова.