Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Бадел го совлада ЖКК Вардар
Бадел го совлада ЖКК Вардар

Бадел го совлада ЖКК Вардар

Во првиот меч од втората фаза, Бадел 1862 убедливо подобар од Вардар (95:50). Кошаркарките на Бадел 1862 продолжија со одличните игри и победи и во вториот дел од сезоната кој се нарекува Суперлига

Гостиската екипа не само што го потврди епитетот на фаворитска, туку со играта прикажана во „Кале“, испрати јасна порака дека се подготвени да одат до крајот во трката за шампионската титула.

На отворањето на Суперлигата, „вардарки“ не покажаа дека може да им парираат на кошаркарките на тренерот Перо Стамески.

zkk2

Ако во првото полувреме и одржуваа каква-таква прифатлива негатива (38:26 за гостинките), комплетната разврска се случи во третата четвртина.

Предводени од репрезентативниот двоец Стојановска-Трајчевска, кош (заедно искомбинираа 54 поени), „баделки“ го полнеа противничкиот. По три четвртини од играта беа на недостижни (65:41).

Нo не застанаа и во последниот дел, во кој во поентирањето беа вклучени Максимовска и Адамовска, го дотолчија противникот.

Кај Вардар, Петрушевска даде 14, Подунавац 13, а Наков уште 11.поени.