Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари со соодветната репрезентација на Турција. Натпреварите ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Мишовски“ на 8 и 11.октомври.
Селекторот на Македонија, Дашмир Беари, за овие натпревари повика тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Гоце Јовчев, Филип Ѓоргоски и Грегори Давков.