Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вулканот повторно се активираше!
Вулканот повторно се активираше!

Вулканот повторно се активираше!

Е вака го личи ракометот во СЦ. ,,Јане Сандански”!! Навивачка песна, насмевки на лицата на навивачите, разигран Вардар и секако – победи против големите тимови.

Вулканот повторно се активираше во Скопје и повторно противничките играчи велат дека скоро па невозможно е да се игра пред ваква публика, а изгледа не знаат дека во сала во овој момент е дозволен само 30% од капацитетот и што ќе биде кога ќе им биде дозволено на навивачите во целост да го наполнат СЦ. ,,Јане Сандански”..

Пред ваква голема поддршка од трибините, посебно новите играчи буквално ,,летаат” по теренот, а видовме и како Кевин Њокас ,,водеше” навивање. Кога ќе го прашате секој нов ракометар, посебно оние од Франција, ќе ви речат дека пред ваква атмосфера само е уживајте да се игра, а како и нема да биде..

До овој момент во РК Вардар 1961 се функционира одлично од ракометари, до тренери, па се до навивачите. Продолжуваме понатаму, а веќе утре не очекува нов натпревар, овој пат во домашниот шампионат против РК Бутел Скопје.

Само напред, Вардаре!