Во периодот од 24-28.октомври, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ќе одржи тренинг камп во Кичево.
За овој репрезентативен камп, селекторот на Македонија, Дашмир Беари повика тројца играчи кои се дел од Вардар. Се работи за Златко Радески, Милош Спасовски и Лука Атанасовски.