Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тројна викенд програма, бидете со црвено – црното семејство!
Тројна викенд програма, бидете со црвено – црното семејство!

Тројна викенд програма, бидете со црвено – црното семејство!

Оваа недела не очекува тројна црвено – црна програма. Најпрвин утре РК Вардар игра Сеха дуел од 14 часот со РК Борац. Овој натпревар доаѓа како увертира, пред главните два натпревари во ЛШ против најголемиот конкурент за 1 место, екипата на европскиот шампион Барселона.

27ФК Вардар во недела од 13 часот и 30 минути, како гостин, игра нов натпревар од ПМФЛ, противник на нашите момци е екипата на ФК Металург. Овој натпревар ќе се одигра на стадионот во Маџари.

За крај, можеби најклучен натпревар во ЛШ, ќе одиграат ракометарките на ЖРК Вардар. Во 15:15 часот во недела гостува екипата на Митјиланд од Данска. По неуспехот во првото коло пред своите гледачи, овој пат вардарки немаат право на грешка и мора да го добијат и овој натпревар, за нови два бода.
Бидете со црвено – црното семејство и овој викенд!