Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес: Питлик- Балканска против скандинавска ракометна филозофија на игра
Прес: Питлик- Балканска против скандинавска ракометна филозофија на игра

Прес: Питлик- Балканска против скандинавска ракометна филозофија на игра

Денес беше одржана прес-конференција, за натпреварот од третото коло во лигата на шампиони во женска конкуренција, помеѓу екипите на Вардар и Митјиланд. Данските доаѓаат во Скопје со четири бодови и триумф од последното гостување во Унгарија, против силниот Ѓер. На денешниот прес зборуваше човекот кој можеби најдобро го познава Данскиот ракомет и сегашен тренер на Вардар-Јан Питлик.

-Сум работел со многу од ракометарките во Митјлијанд, 7-8 девојки беа во репрезентацијата на Данска. Знам многу за овие играчи и едвај чекам повторно да ги среднтам. Ова е скандинавска ракометна филозофија против балканска. Ќе биде интересно. Јас како селектор на Данска играв против екипи од Балканот и имав многу тешкотии, физички се многу силни. Затоа важно е да играме агресивно, со многу сила, ним тоа нема да им се допаѓа. Малку бев изненаден што го победија Ѓер во Унгарија, играа многу добро на овој меч, но мислам дека имаме многу големи шанси да победиме, изјави Питлик.

Индира Кастратовиќ повикува на претпазливост пред овој меч, со напомена дека Митјиланд го победи Ѓер на гостински терен.

-Ние го познаваме Митјиланд, веќе игравме со нив. Нам ни беше тешко после Ѓер да се вратиме во колосек, а сега знаеме што нѐ очекува. Митјиланд не смее да се потценува, особено по она што го направи во Ѓер. Скандинавските екипи се такви, за нив не е важен домашен или гостински терен, 60 минути играат. Се подтогвувавме да не не изненадат со ништо, најважно е што сите девојки се здрави. Полека се приближува денот и се надевам дека ќе победиме, нема да биде лесно, но очекуваме победа, рече Индира.

Една од ракометарките која има играно во Данското првенство во дресот на Виборг, е најновото засилување за Вардарки од оваа сезона, српската репрезентативка Дамњановиќ која беше присутна денешниот прес.

-Морам да напоменам дека по натпреварот со Ѓер ни беше многу тешко психички, тоа не беше вистинската слика на Вардар, ништо не функционираше на тој натпревар и затоа натпреварот со Хипо многу ни значеше. Иако знаме дека тие се послаб тим, тој натпревар ни значеше за самодовербата. Што се однесува до формата можеби не очекувам во недела веднаш да бидеме на 100 отсто од силите, но ќе дадеме сѐ што треба за да победиме. Ним нема да им се допаѓа погруба игра и затоа ние со нашата одбрана треба да го добиеме натпреварот. Ги анализиравме, знаеме дека играат брзо, треба да се враќаме назад и да ги запираме нивните контри, изјави Дамњановиќ.

Свое видување пред овој дуел даде и претседателката на Жрк Вардар, Гордана Нацева која очекува тежок натпревар.

-Уште кога беше извлечена групата, реков ова е група која, практично, без еден тим е Ф4 од првата година. Очекував дека ќе биде тешко, но не очекував дека ќе има вакви изненадувања како во овие две кола. Како и да е ние го очекуваме нашиот трет натпревар во оваа група, против еден супер тежок противник, кој покажа дека знае да игра во Ѓер. Очекувам една одлична ракометна претстава, очекувам дека и публиката ќе биде во уште поголем број и ќе имаме еден одличен амбиент. Со Хипо покажавме дека полека се враќаме и се надевам дека в недела целосно ќе се вратиме на вистинскиот пат, рече Нацева.