Дербито на 26. коло е во Скопје каде се среќаваат вечните ривали, тимовите на Вардар и Пелистер. Овој натпревар е на програмата в недела со почеток во 16 часот. Овој меч сите љубители на Вардар и “црвено – црните” бои кои нема да бидат на стадион ќе можат да го проследат со директен тв пренос на Сител 3.
Се надеваме дека епитетот дерби натпревар ќе ги оправда очекувањата и ќе следиме еден возбудлив и пред се коректен натпревар. На крај се надеваме на победа на нашиот тим и продолжување на серијата на победи во прволигашката конкуренција.