Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Милиќ ја имаше одбраната на мечот против Загреб

(ВИДЕО) Милиќ ја имаше одбраната на мечот против Загреб

Вардар победува и кога нема поддршка од голманите. На вчерашниот натпревар против Загреб свој ден немаше ниту еден од нашите тројца голмани иако сите добија своја минутажа во текот на мечот. Нашите голмани верувале или не, одбранија само четири топки на противникот. И тоа, Милиќ три и Штербик една. Иако Милиќ имаше само три интервенции, сепак тоа не го спречи да ја има одбраната на мечот. Нашиот голман при еден контранапад одлично му одбрани зицер удар на поранешниот играч на Вардар, Марковиќ.

Погледнете ја оваа одлична одбрана на Милиќ.