Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички продолжија натпреварите во рамките на детската лига. Настап имаше Вардаровата генерација родени “2008“ година, кои забележаа една победа и нерешен резултат.
Вардар (1) без никакви проблеми убедливо го доби натпреварот со екипата на Смиљковци. Конечниот резултат гласеше 18:0. Пред да го отвориме резултатот имавме два обиди, но голманот на Смиљковци ги одбрани ударите. Вардарци набргу го отвараат резултатот со голот на Илија Митаноски кој носи предност од 1:0. Продолжија нападите на црвено-црните кои резултираат со два брзи погодоци и тоа за две минути погодува еден исти играч. Арти Азизи ги постигнува следните два гола за зголемување на резултатот на 3:0. Прва шанса имаше и Марјанпвски, но топката ја погоди стативата. Целосна офанзива кон противничкиот гол вроди со уште многу погодоци до крајот на натпреварот, а тие редоследно беа постигнувани вака:
- Ненад Дамјаноски 4:0
– Ненад Дамјаноски 5:0
-Стефан Марковски 6:0
– Арти Азизи 7:0
– Илија Митаноски 8:0
– Филип Сребров 9:0 ( полувреме)
– Арти Азизи 10:0
– Арти Азизи 11.0
– Ненад Дамјаноски 12:0
– Павел Андов 13:0
– Ненад Дамјаноски 14:0
– Павел Андов 15:0
– Ненад Дамјаноски 16:0
– Арти Азизи 17:0
– Ненад Дамјаноски 18:0
Многу поинтересен натпревар одиграа екипите на Вардар (2) и Драчево. Овој меч заврши со нерешен резултат 3:3. Во три наврати, нашите надежи имаа водство, но секогаш противникот успеваше да го израмни резултатот. Уште во првата минута од мечот Вардар поведе со голот на Матеј Киш за водство од 1:0. Следеше шанса за Драчево, но нивниот удар заврши покрај нашиот гол, за во следната своја акција,Драчево да го израмни резултатот на 1:1. Денес еден од најдобрите на теренот Матеј Киш, имаше одличен продор откако се сам направи се ослободи од двајца играи на противникот, но завршниот удар го брани голманот на Драчево. Уште една шанса за истиов играч, но резултатот остана 1:1. Сепак избраниците на Павел Неделковски успеваат повторно да поведат со 2:1, а стрелец на голот беше Бојан Пешов. До крајот на првото полувреме, екипата на Драчево го израмнува резултатот на 2:2, а имаа уште една добра шанса, но нашиот голман Лука Грчевски спаси негатива за својот тим.
Гледавме интересно второ полувреме, каде двете екипи покажаа голема желба за надигрување. Матеј Киш повторно има прилика, но противничкиот голман успешно брани. Во продолжение од натпреварот следеше добра акација за нашиот состав, а реализатор беше Матеј Киш, за радост на Вардар и предност од 3:2. Сепак до крајот на натпреварот, Драчево успева повторно да погоди и да израмни на 3:3. Овој резултат се покажа и како конечен на овој интересен дуел.