Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар триумфираа високо в гости кај Брегалница со 0-6

Кадетите на ФК Вардар триумфираа високо в гости кај Брегалница со 0-6

Денес на програмата беше 16 првенствено коло кај младинските фудбалски категории. На нашата кадетска екипа  домаќин беше  екипата на Брегалница. Избраниците на Колев Влатко во ова гостување дојдоа до победа со високи 6-0 со што останаа во борбата за врвот на табелата во кадетската лига. Тренерот на ФК Вардар-кадети, на дуелот во Штип се одлучи мечот да го почне со следните момци: Денковски, Петревски, Џуклевски,  Серафимов, Јордановски, Насковски, Трајчевски, Маркоски (капитен) Бериша, Јахја   и Стојчески.

Нашиот состав тргна на триумф уште од првата минута на овој кадетски дуел. Во оваа генерација, екипата на Брегалница се наоѓа на претпоследното место на табелата, а високиот триумф од есенскиот дел (9:1) даваше за право да се надеваме на успех денес,   Вардаровите кадети доминираа во текот на целиот меч од првата минута напаѓавме со цел да постогнеме гол и да си ја олесниме задачата. Доминантната игра на црвено-црните вроди со полод уште во првите 45 минути од овој кадетски дуел. На одмор заминавме со предност од 0-3 со која најавивме дека денес ќе дојдеме до нови три бода.

vardarfans-kadeti1-660x330

Тренерот Колев на почетокот од вториот дел направи неколку измени во составот кои го одржаа ритамот повторно погодувавме и во второто полувреме. Во вториот дел постигнавме исто така три погодоци во мрежата на сино-белите од Штип. Вардаровите кадети триумфираа со 0-6 на ова гостување.  За нас стрелци на овој дуел беа: Јакуп Бериша кој погоди три пати, Трајчевски Александар, Јахја Абудлхади и  Христијан Стојчески.